Почина братот на претседателот Пендаровски, не се утврдени знаци на насилство

Стево Пендаровски /Фото: МИА

По повод информациите објавени попладнево на порталите, кабинетот на претседателот Стево Пендаровски го издаде следното соопштение.

Братот на претседателот Пендаровски, Војче, почина во сопствениот дом во скопската населба Мичурин. Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител. При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство.

Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на Ковид протоколите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот