Почина Бони Поинтер од групата „Поинтер систерс“

Profimedia

Бони Поинтер, една од четирите сестри од американската група „Поинтер систерс“, која врвот на славата го достигна во 70-те години на минатиот век, почина на возраст од 69 години.

Сестрите Поинтер се најпознати по хитовите „I’m So Excited“ и „Jump (For My Love)“. Освоиле три Греми награди, од кои една за песната „Fairytale“ од 1975 година, која ја напишале Бони и Ана, а подоцна ја снимил и Елвис Присли.

Profimedia

Бони групата ја напуштила во 1977 година за да ја продолжи соло кариерата, која ја обележил успехот на хитот од 1978 година, „Heaven Must Have Sent You“.

На почетокот групата ја сочинувале Џун и Бони и како дуо настапувале по клубовите во Сан Франциско, а подоцна им се придружиле и останатите две сестри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот