ПОЧИНА БЛАГОЈА ЈОРДАНОВСКИ: Еден од првите македонски народни учители и еден од основачите на „Златно славејче“

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановки е роден на 25 февруари 1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев”.

Беше директор на пионерскиот дом „Карпош” и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче”. Добитник е на наградата „13 Ноември” за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи утре на гратските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот