Почина бившиот претседател на ЈАР, човекот кој го ослободи Нелсон Мендела и го укина апартхејдот

Бившиот претседател на Јужна Африка и последен белец кој ја водеше земјата, Фредерик Вилем де Клерк, почина на 85 години, Фото: EPA/EDDY RISCH

На 85-годишна возраст почина бившиот претседател на Јужна Африка и последен белец кој ја водеше земјата, Фредерик Вилем де Клерк, откако лани му бил дијагностициран рак.

Де Клерк, кој беше претседател од 1989 до 1994 година, имаше клучна улога во демократската транзиција на земјата и ја доби Нобеловата награда за мир во 1993, заедно со Нелсон Мандела. Во 1990, тој објави дека го ослободува Мандела од затвор по 27 години, што водеше кон првите повеќепартиски избори во земјата.

Де Клерк е роден во 1936 во Јоханесбург и работел како адвокат пред да влезе во политиката. Откако бил на повеќе министерски места, во 1989 го презеде водството на Националната партија. Следната година, ја укина забраната за одржување протести и за постоење други партии, вклучувајќи го Африканскиот национален конгрес на Мандела.

Неговите активности помогнаа да се укине апартхејдот во Јужна Африка, но тој останува контроверзна личност и меѓу црното и меѓу белото население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот