Почина бившиот претседател на Индонезија

Фото: Википедиа

Бившиот претседател на Индонезија Б. Ј. Хабиби починал денеска на 84 години.

Како што соопштила фамилијата, Хабиби умрел во воената болница, каде бил од 1 септември заради проблеми со срцето.

Бахарудин Јусуф Хабиби овозможил спроведување на демократски реформи и референдум за независност на Источен Тимор по симнување на Сухарт од власт, пренесува АП.

Тој бил трет претседател на Индонезија и најкратко од сите се задржал на таа функција, само 16 месеци, од мај 1998 до октомври 1999. Таа година се повлекол од трката за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот