Почина Бетовен, Роден е Стивен Тејлор и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја ќе го паметиме најмногу по раѓањето на легендарниот Бетовен, но и по уште неколку важни настани за кои можете да прочитате во продолжение…

1827 година – Почина германскиот композитор и пијанист Лудвиг ван Бетовен.

1917 година – Роден Руфус Томас, американски ар-ен-би, соул и фанк пејач.

1944 година – Родена Дијана Рос, соул, поп и диско пејачка, член на женската вокална група „The Supremes“ и соло изведувач.

1948 година – Роден е Стивен Тејлор, пејач на славната рок група „Aerosmith“.

1965 година – Мик Џегер, Брајан Џонс и Бил Вајмaн доживеаја струен удар од микрофон на сцена за време на концерт на популарните Стонси во Данска. Бил Вајман остана без свест неколку минути.

1985 година – Југотон го издаде 4. студиски албум на рок групата „Филм“ под назив „Сигнали у ночи“. Помеѓу осумте песни, за кои музиката и стиховите ги напиша лидерот и пејач Јурослав Јура Стублиќ, како ултимативен хит се оддели нумерата „Пјевајмо до зоре“, а успешни беа уште и „Сигнали у ночи“, „Ријека правде“ и „Осмијеси“.

1986 година – „Metallica“ го објавија третиот студиски албум под назив „Master of puppets“. Во многу избори ова издание се смета за најдобро во рок музиката.

1993 година – Групата „Ван Гог“ заврши со снимање на третиот студиски албум „Страст“ и изданието понуди неколку одлични нумери како „Басна“, „Музичка куча“, „Мама“, „Манутуа ми, немој бити луд“, а сите ги напиша фронтменот на бендот, гитаристот и пејачот Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле.

1996 година – Марк Кнопфлер го издаде првиот соло албум под назив „Golden heart“, со што неговото распуштање на групата „Dire Straits“, кое се случи претходната година, добива и конечна потврда.

2001 година – Британскиот виртуелен бенд „Gorillaz“ го добива првиот и истоимен албум, од кој како најголем хит се одделува песната „Clint Eastwood“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот