Почина Бенгт Јохансон, легендата на шведскиот и светски ракомет

Бенгт Јохансон со Шведска беше двапати светски шампион/Фото: EPA PHOTO PRESSENS BILD/JONAS EKSTROMER/TEN-bw

Шведската ракометна федерација ја објави тажната вест дека легендарниот селектор Бенгт Јохансон почина на 79 години.

Легендарниот селектор на шведската репрезентација во периодот од 1988 до 2004 година, направи многу во домашниот и светскиот ракомет.

Во негово време Швеѓаните станаа најсилната светска ракометна сила со генерацијата Висландер, Олсон, Свенсон, Левгрен, Врањеш…

Познатите „Бенга Бојс“ освоија два светски и четири европски златни медали, додека на олимписките турнири трипати освоија сребро.

Информациите велат дека Јохансон во последните години боледуваше од Паркинсонова болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот