Почина Ашанти Смит, тинејџерката чие тело старееше неконтролирано: Осум години за секоја година од нејзиниот живот

Ашанти Елиот Смит
Фото: Profimedia

Ашанти Елиот Смит страдала од ретка болест, синдром HGPS или Хачинсон Гилфорд Прогерија, исто така познат како синдром – Бенџамин Батон. Во 2014 година, лекарите изјавија дека не очекуваат девојката да живее подолго од нејзиниот 15 – ти роденден.

Храбрата девојка се избори многу повеќе од тоа, но, за жал, почина на свои 18 години. Лекарите велат дека нејзиното тело било на возраст на 144-годишник.

Ашанти Елиот Смит
Фото: Profimedia

Болеста на Ашанти е исклучително редок синдром што се должи на фактот дека таа старее неконтролирано – осум години за секоја година од нејзиниот живот.

Ашанти почина покрај мене, нејзиниот татко и наша блиска пријателка. „Мораш да ме пуштиш“, беше последното нешто што ми го кажа Ашанти пред да почине, изјавила нејзината мајка, Фиби Луис Смит.

Фото: Profimedia
Фото: Profimedia

Фиби изјавила дека погребот ќе биде организиран со многу бели коњи, пердуви и знамиња во бои на виножито.

Нејзиниот живот беше чиста радост. Прогеријата влијаеше на нејзината подвижност, но не и на радоста на животот. Ја обожував, таа беше брилијантна и со неверојатен дух, изјавила нејзината мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот