Почина Анук Еме, актерката која беше икона на француската кинематографија

Анук Еме / Фото: Profimedia

Француската актерка Анук Еме, која беше вистинска икона на француската кинематографија, почина на 92-годишна возраст. Тажната вест ја сподели нејзината ќерка со објава на социјалните мрежи. Таа откри дека мајка ѝ починала во нејзиниот дом во Париз, без да даде дополнителни детали.

Низ годините, Еме глумеше во филмови на Федерико Фелини, Жак Деми, Сидни Лумет, Бернард Бертолучи и Клод Лелуш.

Може да се каже дека нејзината улога во филмот „Маж и жена“ („Un homme et une femme“), кој е во режија на Лелуш, ѝ ја одбележа плодната актерска кариера. За ова филмско остварување, Еме доби номинација за Оскар за најдобра женска улога и ја освои престижната филмска награда Златен глобус.

„Маж и жена“ („Un homme et une femme“) / Фото: – / Shutterstock Editorial / Profimedia

Таа, исто така, глумеше во легендарните филмови „Сладок живот“ („La Dolce Vita“) (1960), „Осум и половина“ („8½“) (1963), „Лола“ („Lola“) (1961) итн.

На 16-годишна возраст, таа глумеше во „Љубовниците во Верона“ („The Lovers of Verona“) (1949), адаптација на Ромео и Јулија од Андреа Кајет, а во следните две децении се појави во над 40 филмови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот