Почина американскиот милијардер и поранешен претседателски кандидат Рос Перо

Фото: Твитер

Американскиот милијардер Рос Перо кој во два наврати бил и кандидат за претседател на САД, почина на 89 години, по кратката борба со леукемијата, информираат денеска американските медиуми.

Перо е човекот кој е познат како успешен бизнисмен, а  во 90-тите години на минатиот век тој започнал и политичка кариера, па воедно се смета и за една од поинтересните политички фигури во американската политика.

Покрај неговата бизнис и политичка кариера, Перо го освои американското внимание благодарение на неговите напори околу Виетнамската војна за добивање на подобри услови за американските затвореници.

Магазинот Форбс во април оваа година го процени неговото богатство на 4,1 милијарди долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот