Почина Александар Закоски – Гризли, голем пријател на македонскиот фудбал

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Како последица од коронавирусот на 65-годишна возраст почина поранешниот спортски директор на фудбалскиот клуб Вардар, Александар Закоски – Гризли.

Беше дел од раководството на ФК Вардар со кој успеа да го оствари еден од најголемите резултати во нашата клупска историја, елиминирајќи го рускиот гигант ЦСКА Москва во квалификациите за Лигата на шампионите во 2003 година.

– Човек со храбро срце! Ќе остане запаметен како голем пријател на македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Спортски работник и директор на ФК Вардар во еден од блескавите моменти за „црвено-црните“.

Популарниот Гризли целиот живот со неверојатна страст и многу љубов придонесуваше за фудбалот и нè задолжи сите нас. Ќе ги чуваме спомените. Искрено сочувство до најблиските и фамилијата – соопштуваат од Фудбалската федерација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот