17.8 C
Скопје

Почина Александар Забрчанец – Ацуле, најуспешниот претседател на ФК Победа Прилеп

Денеска на 74-годишна возраст почина Александар Забрчанец-Ацуле. Долгогодишен фудбалски работник под чие раководство ФК Победа ги постигна најголемите успеси.

Прилепскиот клуб во тој период освои две титули шампион на Македонија (2003/2004 и 2006/2007), беше и победник во Купот на Македонија (2001/2002).

Воедно имаше 10-годишно постојано настапување во евро-куповите со 32 одиграни натпревари низ кои несомнено го даде својот голем придонес за меѓународна афирмација на ФК Победа.

Забрчанец најголем дел од својот живот го посвети на фудбалот и неговата најголема љубов- ФК Победа.

Во Победа Ацуле започна да работи од 1979 година, од март 1996 беше директор, а подоцна и Претседател на клубот кој го вивна во височините на македонскиот фудбал приредувајќи огромни моменти на успеси и радости за прилепските љубители на фудбалот.

Фото: ФК Победа/Official Facebook Fan page/FC Pobeda Prilep

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар