Почина актерот Ванчо Крстевски

Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а исто така и во филмски улоги во „Прашина” на Милчо Манчевски, „Жената што ги избриша солзите” на Теона Митевска и други.

Во Струмица денеска почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов” од Струмица. Роден на 30 ноември 1960 година, а член на Струмичкиот театар е од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.

Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а исто така и во филмски улоги во „Прашина” на Милчо Манчевски, „Жената што ги избриша солзите” на Теона Митевска и други. Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков” во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин” ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.

По повод смртта на актерот Ванчо Крстевски утре во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов” во Струмица, а погребот ќе се изврши во 14 часот на Градските гробишта во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот