Почина актерот од „Војна на ѕвездите“ и „Хари Потер“, Пол Грант: Го нашле на улица во бессознание

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Британскиот актер Пол Грант, почина на 56-годишна возраст, потврди неговото семејство. Актерот се прослави со улогите во „Војна на ѕвездите“ и „Хари Потер“

Членовите на семејството за британски „The Sun“ изјавиле дека Грант вчера бил исклучен од апаратите. Полицијата го пронашла минатиот четврток пред станицата Кингс Крос во Лондон, како лежи на улица во бессознание. Пол Грант, кој го играше Евок во „Враќањето на џедајот“ покрај Харисон Форд и Марк Хамил, итно бил пренесен во болница каде што била прогласена мозочна смрт.

„Уништена сум. Татко ми беше легенда на многу начини. Тој ги насмејуваше луѓето и ги правеше среќни“, рекла ќерката на актерот, Софи Џејн Грант, пишува „Daily Mail“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Mail (@dailymail)


Со емотивна порака Софи се прости со својот татко на социјалните мрежи:

„Тато, многу те сакам, спиј мирно“ – напиша таа.

Пол Грант бил татко на три деца, две ќерки и еден син. Софи Грант нагласила дека нејзиниот татко бил одличен родител, дедо и актер кој правел се за секого.
Партнерката на актерот Марија Двајер (64) изјавила дека Пол е љубовта на нејзиниот живот и дека тој и го направил животот комплетен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот