Почина Ајрин Кара, пејачката на насловните песни на филмовите „Fame“ и „Flashdance“

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Американската пејачка и актерка Ајрин Кара која светот ја запозна благодарение на насловните песни на филмовите „Fame“ и „Flashdance“ од 80-тите, почина на 63-годишна возраст.

Веста ја потврди нејзината публицистка Џудит А. Мус на Твитер, која откри дека Кара починала во својот дом на Флорида. Причината за смртта засега не е позната.

„Ова е апсолутно најлошиот дел за публицист. Не ми се верува дека морав да го напишам ова, а камоли да го објавам. Ве молиме споделете ги вашите спомени и сеќавања на Ајрин. Ќе ги прочитам сите и ќе знам дека Ајрин се насмевнува од рајот. Таа ги обожаваше своите фанови“.

Кара се прослави со улогата во мјузиклот „Fame“ во 1980 година. Откако првично беше избрана за танчерка, за неа беше напишана улогата на Коко Хернандез и таа имаше задача да ја пее насловната песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот