Почина Ахил Тунтев, дипломат и советник за надворешни работи на Киро Глигоров

Дипломатскиот клуб преку соопштение изрази жалење по повод смртта на амбасадорот Ахил Тунтев – нивен член, долгогодишниот дипломат и новинар, колега, пријател, виспрен аналитичар и еден од основоположниците на органите за односи со странство на Македонија.

-Тунтев со својата правна наобразба, со своето политичко искуство остави длабоки траги во креирањето и остварувањето на мирољубивата и конструктивна надворешна политика на државата, како носител на најодговорни функции во органите ангажирани за спроведување на таа политика. Како член на Кабинетот и тесно соработувајќи со првиот претседател на државата, Киро Глигоров, тој даде особен придонес во заземањето на ставови при раздружувањето од поранешната Федерација на Република Македонија и нејзиното етаблирање како самостоен и суверен меѓународен субјект, наведуваат од Дипломатскиот клуб.

Од дипломатскиот клуб потсетуваат дека амбасадорот Тунтев беше и еден од иницијаторите за покренување на македонското дипломатско списание „Дипломатскиот летопис”.

-Ни беше чест со Ахил да соработуваме, да расправаме и да анализираме неброени прашања од надворешната политика и дипломатијата, за нив заедно да оставиме и писмени траги во неколку книги и списанија, а тој беше и еден од иницијаторите за покренување на нашиот „Дипломатски летопис”. Со него ја збогатувавме литературата од оваа област – за идните македонски дипломати да се образуваат и да ги користат искуствата на оваа прва дипломатска генерација на независна Македонија, во чии темели Ахил Тунтев себе целосно се вгрди. Почивај во мир драг колега, стои во соопштението од Дипломатскиот клуб. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот