Почина Агим Рамадани, доктор и поранешен пратеник

На 64-годишна возраст денеска почина Агим Рамадани, лекар во тетовската болница и поранешен пратеник од редовите на Демократска партија на Албанците (ДПА). Работел во Одделот за судска медицина и патологија, а бил пратеник во Собранието во периодот од 2006 до 2008 година.

Рамадани завршил Медицински факултет, специјализирал судска медицина и криминалистика, а магистрирал медицински науки. Работел како лекар по општа практика, а потоа и како специјалист во тетовската Клиничка болница. Предавал и на Универзитетот во Тетово.

Погребот е утре во родното Желино,Тетовско по пладневната молитва, информираат од семејството.
Рамадани бил семен човек, татко на два сина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот