Почина 8-годишно дете на пат кон болница

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

На 17.09.2020 во 05.15 часот во СВР Куманово, од Градската болница Куманово било пријавено дека кај нив за реанимација бил донесен починат осумгодишник од Крива Паланка без видливи траги нанасилство, информира МВР.

Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот