Почина 28-годишно момче после пукање на протестите во Тексас

Фото: Screenshot/You Tube

Кога полицајците дошле до застреланиот Фостер, се обиделе да го спасат, но тој починал во болница по кратко време. Сведоци во полиција рекле дека Фостер пристапил до возилото со пушка.

Едно лице загина, а друго е приведено на испитување после пукањето кое се случи во саботата навечер на протестите во градот Остин во Тексас, објави Си Ен Ен.

Полицијата во Остин извести дека жртва е 28-годишниот Герет Фостер.

Полициски службеници биле на самото место на настаните во саботата и го нагледувале протестот против расизмот „Црните животи се важни“ кога дошло до пукање, изјави Катрина Ретклиф од полицијата.

Шефот на полицијата во Остин, Брајан Менли рече дека полицијата примила повик од лице кое рекло дека тукушто пукало на лице кое се доближило до прозорецот од нивниот автомобил со вперена пушка кон прозорецот.

Кога полицајците дошле до застреланиот Фостер, се обиделе да го спасат, но тој починал во болница по кратко време. Сведоци во полиција рекле дека Фостер пристапил до возилото со пушка.

Возачот на автомобилот е обвинет за пукањето во Фостер и е приведен во полиција заедно со уште едно лице кое пукало во автомобилот. Бидејќи двајцата имале дозвола за носење оружје по испрашувањето се пуштени.

Истрагата продолжува, а резултатите од обдукцијата треба да ја одредат точната причина за смртта на Герет Фостер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот