Почина 21-годишниот американски рапер Џус Врлд

Instagram

Американскиот рапер Џус Врлд (Juice WRLD), чие вистинско име е Џаред Хигинс, ненадејно почина на 21-годишна возраст.

Како што пренесуваат медиумите, пејачот утрово стигнал на меѓународниот аеродром „Мидвал“  во Чикаго, каде што допатувал од Калифорнија. Кога докторите дошле на местото на настанот, тој крварел од устата, но сѐ уште бил свесен.

Раперот веднаш бил пренесен во болница, каде што починал.

Причината за неговата смрт засега е непозната.

Раперот Џус Врлд реализираше неколку хитови, меѓу кои и „Bandit“, „Robbery“ и „Hate me“, која ја изведуваше заедно со Ели Гудинг. Најголемо музичко достигнување му е песната „Lucid Dreams“ од 2018 година, со која се искачи на второто место на светските топ-листи.

Во мај годинава беше прогласен за „Најдобар нов артист“ на церемонијата на врачувањето на наградите Билборд мјузик авардс, кои ги доделува реномираното музичко списание „Билборд“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот