Почина 16-годишно девојче од ковид во Црна Гора

Ковид-болница/илустрација фото: EPA/EFE

Шеснаесетгодишно девојче од Подгорица починало денеска околу пладне во центарот за ковид во Толоши, дознава црногорски Вијести.

Здравствениот дом Подгорица официјално соопштил дека „малолетниот пациент на кој му се слошило на пат кон детскиот центар за КОВИД во Толоши ненадејно починал во нашата установа и покрај напорите на лекарите, медицинскиот персонал и тимот на Брзата помош кои заедно работеа на реанимација“.

Здравствениот дом Подгорица за се` веднаш ја известил полицијата, а Брзата помош предложила обдукција.

Според неофицијални информации, девојчето на 21 октомври се пријавило во Здравствен дом, каде дежурниот педијатар рекол дека имала температура и општа слабост. Наодите за белите дробови и срцето, пишува Новости, биле во ред. Тестот за корона на 22 октомври бил позитивен, а девојчето со терапија било испратено на домашно лекување.

Утрово поради високата температура и слабост нејзините родители самоиницијативно ја однеле во ковид центарот.

“По пат и се слошило. Медицинската сестра која ја направила тријажата веднаш ја забележала, а дежурниот лекар го прекинал прегледот за да и помогне на девојчето. Почнал е реанимација, а известена е Брзата помош и Заводот за детски болести. Сепак, и покрај напорите на докторот, девојчето починало“, тврдат извори на „Вијести“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот