Почина 13-годишната Лорел Григс, ѕвезда на Бродвеј

Лорел Григс, 13-годишната ѕвезда на Бродвеј починала пред неколку дена, а трагичната вест ја соопштил нејзиниот дедо Дејвид Ривлин.

„Со тешко срце ја споделувам со вас оваа многу тажна вест. Мојата преубава и талентирана внука ненадејно почина по тежок напад на астма. Во болницата направија сè за да ја спасат, но таа е сега со ангелите“, напишал Дејвид Ривлин.

Лорел на Бродвеј дебитирала во 2012 година на шест години. Глумела покрај Скарлет Јохансон и Кристен Стјуард, а во текот на 2017 година неколкупати гостувала во серијата “Saturday Night Live”.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот