Почетокот на владеењето на кралицата Елизабета Втора го одбележале паѓањето на Бртанската империја и сиромаштијата во државата: Зошто само Британија уште го практикува крунисувањето?

EPA - EFE
ЕПА

На 2 јуни пред 67 години беше крунисана кралицата Елизабета Втора. Во светот останаа само неколку кралски семејства, а најмногу од нив се во Европа. Помеѓу европските најмногу се издвојува Велика Британија која е единствена што и до ден денес спроведува церемонии за крунисување.

Кралицата Елизабета е единствениот монарх кој се уште владее, а имал крунисување кога стапил на тронот, повеќе од година дена откако седнал на престолот. Другите европски нации имаат монархија, но повеќе не ја практикуваат оваа традиција.

ЕПА

Другите европски држави или станале републики или церемонијата ја замениле со инаугурација или пак воопшто немале крунисување. Последен пат крунисување кое се случило надвор од Велика Британија било тоа во Норвешка во 1906 година, а постојат неколку теории зошто тоа и понатака е случајот за Британците.

Крунисувањето не прави некој монарх, бидејќи кога некој ќе почине, неговиот наследник веднаш ја превзема улогата. Артур Брајант, угледен британски историчар, рекол дека коронацијата е единствена во Велика Британија поради унијата.

ЕПА

„Крунисувањето е роденден на нацијата. Ден кога луѓето ја слават унијата која ги прави единствени“, рекол тој на денот на крунисувањето на кралицата во 1953 година.

„Од таа унија, круната е симбол. Нашата млада кралица не ја симболизира само нашата политичка унија. Таа ги содржи нашите идеали. Таа ги претставува постојаните добрини во личноста – огниште, дом и служба- кои се темели во општеството“, рекол тој.

Социологот Норман Бони верувал дека крунисувањето има особено значење за граѓанската вера, која кралицата ја легитимирала како глава на англиската црква.

профимедиа

Кралицата Елизабета Втора го наследи својот татко кралот Џорџ Шести, кој и самиот ненадејно го наследил престолот откако неговиот брат абдицирал. Елизабета веста за смртта на нејзиниот татко ја дознала во Кенија, каде била со сопругот, а веднаш штом била известена се вратила во Лондон.

Свечено е крунисана на 2 јухни 1953 година во Вестминистерската палата, а нејзиното владеење во првите децении го одбележа постепеното исчезнување на Британската империја, како и стагнацијата и сиромаштијата на Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот