Берлинале 2023: Почесна фестивалска „Златна мечка“ за Стивен Спилберг

Стивен Спилберг
Стивен Спилберг / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин ќе му оддаде почит на Стивен Спилберг со почесната фестивалска „Златна мечка“ за животно дело.

Последниот филм на Спилберг „The Fablemans“, неговиот полуавтобиографски поглед на растењето како тинејџер опседнат со филм во Аризона и Северна Калифорнија, исто така ќе биде прикажан на Фестивалот, кој ќе трае од 16 до 26 февруари 2023 година. „Universal Pictures Germany“ ќе да го објави филмот во германските кина во март.

„Со неверојатната кариера, Стивен Спилберг не само што маѓепса генерации гледачи ширум светот, туку и даде ново значење на киното како фабрика од соништата“ изјави директорското дуо на Берлинале, Мариет Рисенбек и Карло Чатријан.

Тие додаваат дека „неговите филмови нè носат на едно поинакво ниво, каде што големото платно станува адекватна површина за исполнување на нашите емоции”

„Ако Берлинале 2023 претставува нов почеток, не можеме да најдеме подобар почеток од оној што го нуди големото дело на Спилберг“ – истакнаа тие.

Во текот на својата долга и славна кариера, Спилберг беше номиниран за Оскар вкупно 19 пати и освои три златни статуетки.

Изборот на филмовите на Спилберг кои ќе бидат прикажани на Берлинале како дел од омажот, како и датумот на доделувањето на наградите, ќе бидат објавени подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот