ПОЦ за една седмица изрече 80 казни за непрописно паркирање

ПОЦ табла/ Фото: МИА

ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје изминатата седмица санкционираа 80 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 18 до 24 октомври, со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 31 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 49 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот