ПОЦ нема да го поевтини паркирањето, претпријатието не сака поголеми гужви во Центар

ПОЦ табла/ Фото: МИА

Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) не планира да го намалува постојните цени за паркирање на паркинзите со коишто стопанисува во центарот на Скопје, пишува Мета.

Објаснувањето за одлуката доаѓа откако новата скопска градоначалничка Данела Арсовска најав дека градското претпријатие Градски паркинг веќе се подготвува за намалување на цената за паркирање на неговите паркинзи за 25 отсто.

„Имајќи предвид дека сите јавни институции и приватни компании се лоцирани во центарот на градот, доколку ги намалиме цените за паркирање ќе ги поттикнеме граѓаните да ги користат своите автомобили повеќе и ќе предизвикаме поголем сообраќаен хаос и узурпација на паркинзите за резиденти кои се обидуваме да им ги обезбедиме на жителите од општината“, објаснуваат од ПОЦ.

Од претпријатието велат дека намалувањето на цените за паркирање од ЈП „Градски паркинг“ ќе го зголеми притисокот врз паркиралиштата со кои тие стопанисуваат, но тие се надеваат оти ќе се намали притисокот за паркирање врз резидентните паркиралишта на ПОЦ.

„ЈП ПОЦ ќе продолжи да работи во насока намалување на комерцијални паркиралишта (паркиралишта со смс наплата) и зголемување на резидентни паркиралишта со цел да се обезбедат повеќе паркинг места за жителите и да им се овозможи полесен и побезбеден пристап до нивните домови“, информираат од ова јавно претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот