ПОБРЗ ОД БОИНГ ЗА 60 ПАТИ: Астероид со размер од 150 метри утре ќе прелета над Земјата

Фото: Наса

Додека вие спиете, а некои можеби и се будат толку рано, над главите ќе ви пролета астероид, со брзина 60 пати поголема од таа на Боинг авион. На својот пат, кој во понеделник тесно ќе го приближи со Земјата, тој ќе замине далеку, но се враќа за седум години.

Астероидот кој се вика 2019 ВФ1, а е откриен оваа година, покрај Земјата ќе пројде околу 17.09 часот. Астероидот има размер од околу 150 метри и се движи со брзина од околу 62.000 километри на час, што е 60 пати побрзо од Боинг 747.

Ваквите ненадејни посети, особено кога се работи за астероиди кои се откриени во последен час, ги збунија научниците и останатата јавност повеќе пати оваа година. НАСА овој случај го нарекла „објект блиску до Земјата“, кој ќе има „близок пристап“ со нашата планета. Но, сепак не преблизок, уверува вселенската агенција.

Тој ќе прелета на одалеченост која е околу 13 пати поголема од одалеченоста помеѓу Земјата и Месечината. Астероидот повторно ќе се приближи на нашата планета во ноември 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот