Побегнатите мигранти на Сицилија вратени во прифатните центри

Фото: ЕPA-EFE

Луиџи ди Мајо изјави дека е „недозволено лицата да се шетаат по островот без контрола бидејќи во Италија се уште постои опасност од ширење на заразата со Ковид-19″.

Италијанската полиција синоќа соопшти дека во изминатите два дена, две групи од по стотина мигранти побегнале од центрите за мигранти на Сицилија, но оти сите се вратени во прифатните центри.

Претседателот на регионот Сицилија, Нело Мсумеци во разговор со министерката за внатрешни работи Луциана Ломоргезе изрази максимална загриженост поради неподносливата ситуација на Сицилија, постојаното пристигнување на мирантите и стравот дека неконтролираната ситуација може да предизвика тензии и социјални немири.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо изјави дека е „недозволено лицата да се шетаат по островот без контрола бидејќи во Италија се уште постои опасност од ширење на заразата со Ковид-19″, како и дека Владата ќе испрати брод на Сицилија кој ќе биде карантин за новопристигнатите мигранти.

На Сицилија во моментот има околу 800 нови мигранти иако во центарот има слободни места за само 95 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот