Побегнал огромен питон кој може да изеде човек

илустрација

Мрежастиот питон со должина од околу 2,7 метри, кој би можел да изеде човек, му побегнал на неговиот сопственик во Кембриџ и сега слободна лута низ градот, пишува Скај њуз.

Полицијата примила дојава дека змијата неодамна е забележена во близина на Ловел Роуд и започнала потрага.

Иако мрежестиот питон не е отровен и ретко напаѓа луѓе, возрасна единка може да ја отвори вилицата доволно широко за да проголта човек. Овој вид питон може да порасне и до должина до 9,6 метри и се смета за најдолга змија на светот. Потекнува од Југоисточна Азија.

По дојавата дека на Ловел Роуд во Кембриџ е забележена змија со должина од три метри, полициските службеници во раните утрински часови го пребарале подрачјето. Полицијата го пронашла сопственикот, но не и змијата за која е потврдено дека е навистина долга 2,7 метри, напишала локалната полиција на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот