Победничко деби на Анчелоти, Челси шокиран на „Стемфорд бриџ“ (ВИДЕО)

twitter/Premier League

Италијанецот благодарение на голот на Доминик Калверт Луин во 80. минути уште на првиот натпревар на клупата на Евертон забележа победа. Со овој триумф Евертон се искачи на 13. позиција.


Вториот дебитант Микел Артета, немаше среќа како Анчелоти и неговиот Арсенал како гостин одигра 1:1 против Борнмут. Домаќините поведоа во 35. минута со голот на Ден Гослинг, но бодот за „топчиите“ го обезбеди Пјер-Емерик Обамејанг со 12. гол во сезоната.


Најголемото изненадување на „Боксинг деј“ го направи Саутемптон кој го шокира Челси на „Стемфорд бриџ“. Саутемптон славеше со 0:2 благодарение на головите на Обафеми во 31. минута и на Редмонд во 71. минута.


Саутемтптон го направи најголемото изненадување на натпреварите од 16 часот на „Боксинг деј“ во англиската Премиер-лига, совладувајќи го Челси нагости со 0-2. „Светците“ поведоа со 0-1 со голот на Обафеми во 31. минута, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел сите дилеми околку конечниот резултат ги разреши Редмонд во 73. минута кога го зголеми водството на гостите на 0-2, резултат кој се покажа како конечен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот