Победнички викенд на Македонците: Лазаров меѓу најефикасните против Адемар Леон!

фото: твитер/HBCNantes

Кузмановски со Магдебург ги освои двата бода на стартот од групната фаза во ЕХФ купот, а Ристовски не беше во составот на Бенфика против данскиот Силкеборг.

Викендов официјално стартуваше групната фаза во ракометниот ЕХФ куп, во првото коло успешно започна екипата на Нант која на домашен терен со резултат 34:28 беше подобра од Абанка Адемар Леон.

Помеѓу најефикасните во победата на францускиот клуб беше македонскиот интернационалец Кирил Лазаров со шест голови, кај неговите тимски колеги подобар учинок имаа само Ривера Фолч (девет) и Мине (седум).

На спротивната страна за шпанската екипа по четири голови доминираа Фернандез Алонсо, Марчан Криадо и Перез Арсе.

Претходно во истата група „Ц“ Магдебург на нашиот Филип Кузмановски славеше против Горење Велење.

Во групата „А“ Бенфика ги освои двата бода во Данска против Бјерингбро/Силкеборг (24:33). Во составот на португалскиот тим не беше нашиот голман Борко Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот