Победнички старт за Вардар: Охрид беше достоен ривал на европскиот шампион!

фото: facebook.com/ihtstruga

Се комплетираше и вториот ден на традиционалниот ракометен турнир во Струга, актуелниот европски шампион Вардар 1961 во својот прв натпревар го совлада Охрид со резултат 27:22.

Во првото полувреме нападот на Вардарци функционираа добро, но истото не можеше да се каже и за одбраната. По првите шест минути игра со голот на Јотиќ, Вардар имаше предност од само еден гол, 6:5.

Охриѓани покажаа храбра игра и продолжија со добрите перформанси, во офанзивниот дел функционираа одлично, посебно со кружниот напаѓач. Во 20 минута со петтиот погодок на Дибиров, Вардар израмни на 10:10. Последните десет минути од дуелот минаа изедначено на двете страни. Вујин имаше шанса да постигне гол за плус два, но ја погоди само стативата, па така на пауза се замина со еден гол предност за Вардар, 13:12.

Играчите на Алушовски беа во налет во вториот дел, постепено ја подигнуваа предноста од минута во минута и успеаја да ја зголемат позитива на пет гола (21:16). Следуваше нова криза во составот на Вардар од пет минути, немаше решение за голманот Даниловски, Охрид врза два погодоци и намали на три негатива.

Новиот среден бек Гаџа дебитанскиот гол за скопската екипа го постигна на девет минути до крајот на мечот, стрелаше за 23:19. Димитриоски го потврди победникот, на пет и пол минути беше прецизен од пенал, па рутинска беше само завршницата.

На теренот на „Горан Попоски Бабец“ во победничките редови прв стрелец беше Дибиров со седум голови, по четири кај поразениот имаа Блажески, Манасков и Тот.

На третиот ден в петок (14 август) со почеток од 17.15 часот Струга ќе игра со Металург, потоа од 19.15 часот Еурофарм Пелистер за ривал го има Прилеп, а во 21.15 часот ќе стартуваат Вардар и Еурофарм Пелистер 2.

Прв триумф на Металург на ракометниот турнир во Струга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот