Победнички старт на Вуков

Вуков со своето Југо беше доминантен за време на првата трка сезонава. Тој триумфираше со време 26:45.043 минути, и дури 11,7 секунди предност пред второпласираниот Михајло Лазаревски.

– Ова беше само загревање за трката во шампионатот на Србија, следниот викенд. Целта за оваа сезона е титулата во Македонија и добар настап во Србија. На трката во Нови Сад, би сакал да се најдам на подиумот. Мислам дека имам квалитет за тоа, возилата се одлично подготвени. Плановите за следната сезона се трките во TCR првенството – вели Вуков.

На третото место се пласира возачот на АКК Примо, Георгиј Наков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот