Победнички старт на Шкендија во ЛШ – Слободен печат
СпортФудбал

Победнички старт на Шкендија во ЛШ

Доминацијата на теренот, тетовчани ја крунисаа во финишот од натпреварот преку Ибраими.

Македонскиот шампион направи голем исчекор кон пласманот во наредната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите, откако како гостин славеше над Номе Калју.  Голот кој со едната нога ја носи Шкендија во наредната рунда го постигна Агим Ибраими во 81 минута, откако успешно го реализираше пеналот.

Тетовчани уште на гостувањето во Естонија, го оправда епитетот на фаворит во овој двомеч и во текот на целиот натпревар доминираше над Номе Калју. Сепак, иако поседот на топката беше во корист на избраниците на Ќатип Османи, немаше многу шанси за гол, најсериозната шанса ја пропушти Марјан Радески чиј удар со глава удри во пречката.

Според прикажаната игра во првиот натпревар, за очекување е реваншот во Скопје да претставува чиста формалност за Шкендија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close