Победнички старт на Ѓоковиќ на турнирот во Виена

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминагиналето на турнирот во Виена откако во првото коло го совлада сонародникот Филип Крајиновиќ во два сета.

Првиот носител потешко од очекувањата го победи Крајиновиќ и тоа со 7:6,6:3 на стартот на турнирот во кој се враќа по пауза од 13. години.
Ѓоковиќ одлучи да настапи на турнирот во главниот град на Австрија само за да собере доволно поени и да ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата, а за тоа му е потребна уште една победа.

Големата борба во првиот сет му припадна на Ѓоковиќ дури во тајбрејкот иако на стартот водеше со 3:1. Помладиот српски тенисер возврати со серија од четири гема и поведе во 3:5 но не можеше да го задржи својот сервис, Ѓоковиќ прво израмни на 5:5, а потоа во тајбрејкот дојде до водство од 1:0 во сетови.

Прочитајте и...  Ибрахимовиќ на 39 години ќе игра на Европско првенство?

И вториот сет започна идентично, Ѓоковиќ поведе со 3:1, но сега ја задржа предноста и со сигурен сервис го приведе дуелот до крајот.
Нареден противник на Ѓоковиќ во осминафиналето ќе му биде Хрватот Борна Чориќ кој беше подобар од Американецот Тејлор Фриц.

Сигурен настап имаше и Григор Димитров кој со идентичен резултат како и Ѓоковиќ (7:6,6:3) го совлада Карен Качанов од Русија, додека словенечкиот тенисер Бедене поради повреда го предаде мечот против Британецот Еванс.

Поврзани вести

Погба на излезни врати од „Олд трафорд“, Јунајтед договори засилување за идната сезона

Слободен печат

Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Слободен печат

Евролига: Барселона шокирана од Асвел

Слободен печат

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Слободен печат

Манчестер јунајтед на мета на хакерите, бараат милиони за да не објават вредни документи

Слободен печат

Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian