Победнички со Нант, Лазаров во голгетерска форма

EPA-EFE/Sandor Ujvari

Македонскиот репрезентативен бек ја продолжува голгетерската форма, Лазаров беше втор стрелец во триумфот со четири голови, поефикасни од него беа само Балагер и Турна по пет.

Нашиот ракометар наскоро ќе им се врати и на репрезентативните обврски и последните два важни квалификациски мечеви за пласман на ЕП 2020.

На конечната табела Нант заврши на четвртата позиција со 39 бодови, зад триото ПСЖ (49), Монпелје (43) и Шамбери (39).

Нант кој во 2018 година ја освои титулата во ЛШ, наредната сезона ќе игра во ЕХФ купот, додека ПСЖ на поранешниот тренер на Вардар и поранешен селектор, Раул Гонзалез повторно ќе биде дел од групите на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот