Победа за Педро Санчез: Ќе им пружиме рака на сите политички сили

Фото EPA-EFE/JuanJo Martin

Шпанските социјалисти предводени од актуелниот премиер Педро Санчез победија на парламентарните избори во Шпанија, но според досегашните резултати, немаат мнозинство за формирање влада.

Од досега обработените резултати, партијата на Санчез ќе освои 123 пратенички места, од вкупно 350, додека централно-десничарската Сиудаданос ќе добие 57 пратенички места. Пред изборите се шпекулираше за нивна коалиција, но засега таа идеја е отфрлена од лидерите на двете партии.

Санчез исто така вети дека и покрај левичарските идеали, тој и неговата партија се подготвени да подадат рака на сите политички сили, а вети и дека како идна влада, ќе ја унапреди социјалната еднаквост и соживотот, но и дека ќе го реши спорот со Каталонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот