Победа над Грузија ќе донесе и премија од 9.250.000 евра!

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Скоро сите групи на наредното Европско првенство се формирани, познати се 20 учесници, последните четири ќе ги дознаеме денеска со последните плеј-оф натпревари.

Македонската А репрезентација денеска од 18.00 часот во Тбилиси против Грузија ќе се бори за настап на континенталниот собир.

Доколку триумфираме, наредната година ќе играме во групата „Ц“ на ЕП со Холандија, Австрија и Украина.

УЕФА Лига на нации

Лига „А“: Унгарија-Исланд (20.45 часот)
Лига „Б“: Северна Ирска-Словачка (20.45 часот)
Лига „Ц“: Србија-Шкотска (20.45 часот)
Лига „Д“: Грузија-Македонија (18.00 часот)

Фудбалски празник, знамиња, шалови, спремете ја „црвено-жолтата“ декорација!

Воедно победа над Грузија на нашите фудбалери ќе им донесе и премија од 9.250.000 милиони евра. Толку добива секоја репрезентација, односно секоја фудбалска федерација која ќе игра на Европското првенство.

На самото натпреварување во групната фаза за секоја победа УЕФА плаќа 1.500.000 евра, а за реми 750.000 евра. Пласман во вториот груг гарантира додатни 2.000.000 евра.

Победникот од мечот Србија-Шкотска ќе игра во групата „Д“ со Англија, Хрватска и Чешка, потоа подобриот од дуелот Северна Ирска-Словачка ќе се најде во групата „Е“ со Шпанија, Шведска и Полска, додека Унгарија или Исланд ќе биде во многу силната група „Ф“ со Португалија, Франција и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот