20 C
Скопје

Парични казни за василичарите кои запалија бугарско знаме

Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија.

Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело повреда на угледот на странска држава.

Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија.

Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме.

Јавниот обвинител на Основниот суд во Струга му предложи на првообвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 70 евра во денарска противвредност, додека за останатите двајца обвинети се предложени парични казни од по 100 дневни глоби од по 50 евра во денарска противвредност.​

Поврзани вести

Во Клиничкиот центар починал повреден работник, телото е предадено на обдукција

Слободен печат

Трагедија во Неготино, се превртел со трактор и починал

Слободен печат

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

ОЈО поведе постапка против три лица за трговија со дрога​

Заев очекува Косово да го испочитува меѓународното право и да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

Слободен печат

Ранет и претепан жител на гостиварското село Сенокос

Остави Коментар