9 C
Скопје

Побаран притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во предметот „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица за кои е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 февруари учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“. Притоа тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

Прочитајте и...  ФОТО+ВИДЕО I Камења летаа на сите страни: Судир меѓу демонстрантите и полицијата за ограничувачките мерки во Италија

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Претходно за истиот настан Основното јавно обвинителство Скопје веќе поведе постапка за двајца други учесници во протестите.​

Поврзани вести

Советот за безбедност на ООН денес разгледува извештај за работата на УНМИК

Слободен печат

Полицијата ја истражува смртта на Далибор Томовиќ викан Даба

Канада забрани извоз на дронови во Турција

Слободен печат

Бајден: Мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството

Слободен печат

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Перу

Слободен печат

ВИДЕО: Убиен ученик, ранет полицаец при пукање во средното училиште Остин-Исток Магнет во Ноксвил

Слободен печат

Остави Коментар