ПО ЖЕСТОКА КАВГА ГО УБИЛА ЗЕТОТ И ГО КАСТРИРАЛА: Го избодела 27 пати, па му го отсекла половиот орган и го фрлила низ прозорец!

Неименувана Русинка (49) брутално го убила својот поранешен зет Дмитриј Богданов бидејќи доцнел со плаќање на алиментација на нејзиниот внук.

Таа со помош на својот партнер дури 27 пати го избодела 32-годишникот, а потоа му ги отсекла тестисите и ги фрлила низ прозорецот.

Како што наведуваат медиумите, Богданов за време на викендот отишол во станот на жената да разговараат, а таму го начекал и нејзиниот партнер.

Заедно вечерале, па почнале да пијат алкохол. По неколку часа, таа и зетот жестоко се замериле за алиментацијата.

Во налет на бес таа го зела кујнскиот нож и неколку пати го избодела Богданов. Тој ја изгубил свеста, а потоа партнерот на жената го зел ножот и продолжил да го боди. Потоа жената повторно го зела ножот, му ги отсекла тестисите и ги фрлила низ прозорецот.

Соседите кажале дека го знаеле Богданов, кој често доаѓал на гости кај мајката на неговата поранешна сопруга.

– Тие двајца добро се сложуваа. Меѓутоа, алкохолот ги менуваше. Сепак, никој не можеше ни да претпостави дека вакво нешто може да се случи – навела сосетка.

По злосторството, жената се јавила кај својата ќерка за да и каже што се случило. Ќерката шокирана, веднаш повикала полиција.

– Истражителите во станот затекнале страшна глетка. Осакатеното тело на Богданов лежело во дневната соба во локва крв. Жената и нејзиниот партнер исто така биле целите во крв – наведуваат руските медиуми.

Иако било очигледно што се случило, осомничените најпрво негирале дека го убиле Богданов.

– Биле одведени во полициска станица, каде најпосле го признале убиството. Жената кажала дека го убила поранешниот зет поради ќерката. Според неа, тој не сакал да им помогне на синот и поранешната сопруга, па затоа немале корист од него ниту жив, ниту мртов – наведуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот