По „Железната“, на сцена доаѓа „Бамбусовата завеса“- ЦИА формира разузнавачки центар за конфликт со Кина

фото: Википедија
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) го отвори „Кинескиот центар“ за справување со заканите кои доаѓаат од експанзионистичката политика на Пекинг, изјави директорот на ЦИА Вилијам Бернс.

Целта на „Кинескиот центар“ е да го реши глобалниот предизвик што го поставува Народна Република Кина, за што е потребна акција на сите вработени во агенцијата, се вели во соопштението на оваа разузнавачка служба, која беше дистрибуирана до јавноста.

Извештајот е обелоденет откако Њујорк тајмс објави дека десетици шпиони кои работеле за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) биле убиени, уапсени или разоткриени низ целиот свет.

Profimedia

Ова се однесува особено за оперативците ангажирани во Иран, Русија и Кина, каде домашните разузнавачки агенции регрутираа и ангажираа информатори на ЦИА како двојни агенти.

 

Во извештајот од 2013 година се наведува дека ЦИА има пет приоритети – борба против тероризмот, спречување на ширење нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување, информирање на политичките лидери за важни настани во странство, контраразузнавање и сајбер -разузнавање.

Луѓе чекаат ред додека се дистанциаат едни од други во Бруклин, Њујорк, САД, 15 април 2020 / EPA-EFE/Alba Vigaray

Идентификувани биле неколку проблеми што доведуваат до откривање на агенти на ЦИА, а меѓу нив се пребрзиот процес на регрутирање, премногу доверба во изворите и незаслужена напредување во службата , вели директорот на ЦИА

Тој смета дека сите овие елементи треба да се сменат бидејќи мисијата против Кина што е клучна за безбедноста на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот