По жалбата на Косово: ФИФА отвори постапка против Србија

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Meѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денес отвори постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија. Фудбалскиот сојуз на Србија се обвинува дека во соблекувалната пред натпреварот против Бразил бил поставен политички транспарент за Косово.

Во четвртокот пред натпреварот во српската соблекувална стоеше српско знаме со мапата на Косово и натпис „Нема предавање“.

Министерот за кулутра на Косово, Хајрулах Чека се пожалил во ФИФА поради тоа знам и навел дека Светското првенство е искористено да се промовираат „ксенофобни, геноцидни и пораки за омраза кон Косово“.

ФИФА во отворената постапка наведува дека истражува „недолично однесување, вклучувајќи навредливи гестови, знаци или јазик и промовирање на работи кои не се поврзани со фудбалот“.

Засега не е познато кога Светската куќа на фудбалот ќе ја донесе пресудата. Следниот натпревар Србија го игра во понеделник од 11:00 часот против Камерун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот