По земјотресот во Калифорнија настанала голема пукнатина која се гледа од вселената (ФОТО)

При вториот земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтеровата скала кој во петокот ја погоди Калифорнија била создадена огромна пукнатина на површината на Земјата видлива дури од вселената, пренесува С-Ен-Ен.

Станува збор за вториот голем земјотрес кој го погодил ова подрачје за само 48 часа.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Риџкрест, околу 240 километри североисточно од Лос Анџелес.

Во тој град била причинета голема материјална штета и притоа неколку лица биле повредени.

Луѓето во паника бегале по улици, а оштетени се куќи, згради и јавни институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот