По Вучиќ и Додик утре во Москва – Oд Путин ќе бара намалување на цената на гасот

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Членот на претседателството на БиХ Милорад Додик утре ќе отпатува во Москва каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но треба да има и средба со претставниците на Гаспром и разговори за испорака на гас за Република Српска по поповолни цени од оние во Европа за која цената надмина 1.000 долари за 1.000 кубни метри.

Profimedia
Владимир Путин / Фото: Profimedia

 

„Србија има цена од 280, а ние имаме 290 долари затоа што треба да платиме за дополнителен транзит . Верувам дека за наши потреби и за изградба на гасоводот и две гасни централи ќе го постигнеме тој договор и дека ќе зачуваме оваа цена наредниот зимски период како што Србија го направи истото,изјави Додик.

Тој смета дека Русија се покажала како важен партнер на Република Српска, а сето тоа резултирало со економска соработка и испорака на енергија по поповолни цени.

Гасовод Јамал - Европа кај Минск
Станица за компресија на гасоводот Јамал-Европа кај Минск/Фото: EPA/MAXIM MALINOVSKY

Додик рече дека со американски и европски претставници разговарал за теми поврзани со имотот, наметнатите одлуки на поранешниот висок претставник на меѓународната заедница и за Изборниот закон.

Додик оцени дека претстојната специјална седница на Народното собрание на РС за враќање на одземените надлежности ќе биде во ранг на петте најважни седници кога станува збор за одлуките на српскиот народ на оваа област и на Република Српска.

„Во БиХ нема револуција, како што некои ја претставуваат, туку се работи за заштита на Уставот и правата на Република Српска, загарантирани со Дејтонскиот договор“, вели Додик.

Тој посочува дека претставниците на Српска нема да се откажат од враќањето на првобитниот Дејтон, односно враќањето на изгубените надлежности.

Валентин Инцко
Валентин Инцко/Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Тој рече дека наметнатата одлука на Валентин Инцко за казнување на негирањето на геноцидот во Сребреница мора да се повлече.

Тој повтори дека во БиХ нема потреба од присутство на висок претставник на меѓународната заедница и дека Бања лука нема да ја признае неговата функција

Меѓународниот пратеник за мир на Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Тој го праша Кристијан Шмит како може да се согласи да дојде во БиХ кога како висок претставник, не е назначен во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Додик изјави дека е избран да ги брани интересите на српскиот народ и Република Српска, а не да биде кукавица, а тоа значи спроведување на Дејтонскиот мировен договор

Тој посочи дека времето покажало дека властите во БиХ не се потребни.

Собрание република српска
Собрание република српска/ Фото Aрхива на Слободен печат

„Република Српска во овој момент функционира на единствениот легален и легитимен начин, а многумина тоа ги нервира и многумина не сакаат да го видат тоа“, посочил Додик.

Останува да се види дали Додик утре ќе разговара со Путин и на овие теми за кои во минатото имаше голема подршка од страна на Москва

Видео на денот