По вторпат за еден месец американска делегација од Конгресот во посета на Тајван

Пет членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска пристигнаа во кратка посета на Тајван/ Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Пет членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска пристигнаа во кратка посета на Тајван, која се очекува да биде фокусирана на безбедносни прашања, и тоа е втора посета на американски претставници на островот овој месец. Посетата дојде откако Кина го засили воениот и политичкиот притисок за да го потврди својот суверенитет над островот, што предизвика незадоволство во Тајпеј каде владата вети дека ќе ги „брани слободата и демократијата на Тајван”, јавија западни медиуми.

„Делегацијата на Конгресот ќе се сретне со високи тајвански претставници за да разговараат за односите меѓу САД и Тајван, регионалната безбедност и други важни прашања од заеднички интерес”, се вели во соопштението на мисијата на САД во Тајпеј.

Претседателката Цаи Инг-Вен, која ја предводи администрацијата во Тајпеј, нагласи дека оваа посета ја покажува силата на пријателството меѓу Тајван и САД.

Извор: МИА

Видео на денот