По вториот ден од сослушувањето, Хашим Тачи без зборови излезе од судот во Хаг
Тачи по доаѓањето во Хаг рече дека е таму поради она за што сонувал и за што се борел.
Во Специјалното обвинителство во Хаг претседателот на Косово Хашим Тачи го заврши денешното давање изјава, сослушувањето ќе продолжи и утре, објави Коха. Тачи ја напушти Специјализираната комора во Хаг без да даде било каква изјава.
Коха јавува дека сослушувањето на Тачи ќе продолжи утре во 13 часот, а за разлика од вчера кога говореше пред да влезе и по напуштањето на судот, денеска не го направи тоа.
Јасно е дека разговорите и сослушувањето исто така имаат содржина за која моментално незнаеме многу, тоа се уште не е судска постапка, тоа е интерна постапка на обвинителството, поради тоа не треба да има акредитиран бранител, но може да има правен советник, пренесува Коха.
Претседателот на Косово од понеделникот е во Хаг на сослушување по повод обвинението против него и Кадри Весели поради воени злосторства извршени на Косово.
Тачи по доаѓањето во Хаг рече дека е таму поради она за што сонувал и за што се борел.
„Се борев за независно, слободно Косово втелемелно на еднакви права, мултиетничко општество и владеење на законите. Подготвен сум да се соочам со новиот предизвик и да триумфирам за својот син, семејството, народот и својата држава, порача Тачи на првиот ден од престојот во Хаг.
Тој тогаш порача и дека никој не може да ја прекројува историјата, дека е ова цена за слободата и дека верува во мир, вистина и правда.