По вртоглавиот пад оваа година, германската економија догодина ја очекува скок од 10 проценти

Сепак, оваа прогноза на големо зависи од брзината на враќањето на деловната ситуација во компаниите на нормала.

Германската економија оваа година веројатно ќе забележи пад од 6,6 проценти, а наредната година ќе скопје од така нискиот праг и ќе оствари раст од 10,2 проценти, стои во ажурираната прогноза на ИФО институтот за 2020/21.

„Оваа проекција се заснова на наша анкета, спроведена меѓу компаниите во мај. Во просек, учесниците сметаат дека е најверојатно дека нивната деловна ситуација ќе се врати во нормала за девет месеци“; вели шефот на секторот за прогнози во ИФО, Тимо Волмершојзер.
Тој објаснува дека тоа значи, по остриот пад од 12,4 отсто во вториот квартал на 2020 година, економијата би требало да се опорави до средината на следната година.

„Дури тогаш производството на стоки и услуги ќе стигне до нивото кое би го достигнало да не беше кризата со коронавирусот“, додава тој.

Сепак, оваа прогноза на големо зависи од брзината на враќањето на деловната ситуација во компаниите на нормала. Во најдобар случај, компаниите проценуваат дека тој период би можел да потрае во просек само пет месеци. Економскиот производ, во тоа сценарио, тогаш би потонал за 3,9 проценти оваа година, а следната би достигнал стапка на раст од 7,4  проценти.

Според најлошто сценарио, кое претпоставува просечен период на нормализација од 16 месеци, економското производство оваа година би паднало за 9,3 отсто, а наредната би пораснало за 9,5 проценти. Опоравувањето потоа би продолжило во 2022 година.

Во повеќето стопански сектори, компаниите кои учествувале во анкетата на ИФО изјавиле дека нивната деловна ситуација најверојатно ќе се врати во нормала за осум или девет месеци. Опоравувањето веројатно ќе биде најбавно во воздухопловството, каде би требало да трае 16 месеци.

Туристичките агенции и туроператори, компаниите за услуги за сместување, ресторани и угостителски претпријатија, како и автомобилската индустрија, исто така ги очекува поспоро опоравување во однос на просекот.

Сите сценарија претпоставуваат постепено ублажување на блокадите на работа, почнувајќи од крајот на април.

Се проценува дека стопанскиот пад во текот на периодот на рестриктивните мерки во просек ќе изнесува околу 17 проценти. Овие проценки се темелат на детални податоци за економското производство за првото тримесечие и статистичките показатели за производството, продажбата и надворешната трговија за март, прецизира ИФО институтот во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот