По Водици средба Заев-Мицкоски за Законот за ЈО

Фотo: Слободен печат/ Драган Митрески

Еврокомесарот за проширување Вархељ при посетата на Македонија посочи дека Законот за јавното обвинителство треба да се донесе до изборите.

Наредната недела работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба. До ваков договор дошло откако по еден член од групите веќе се слушнале и се договориле да се обидат повторно да го стават Законот за јавното обвинителство на маса. Ваквата информација за „Слободен печат“ ја потврдија и во владејачката и во опозициската партија. Извори во работните групи велат дека на оваа средба ќе се опипа пулсот дали може да дојде до договор за законот да биде донесен до распуштањето на Собранието. Потоа не ја исклучуваат можноста да дојде и до средба меѓу двајцата лидери Зоран Заев и Хритијан Мицкоски.

Во текот на работната средба наредната недела, ако добро оди муабетот може да следува и лидерска средба, велат во работната група на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот предлог на Министерството за правда е доставен до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за правда Законот за јавното обвинителство официјално го нема пуштено во Владата, а потоа и до спикерот на Собранието. Тој им е доставен само на претниците на ВМРО-ДПМНЕ за да можат да го разгледаат и да ги кажат своите забелешки.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во новиот предлог закон, увиделе мали измени.

Единсвеното нешто ново во Законот е што тие се откажале од Катица Јанева, очигледно бидејќи е осомнчена. Во претходниот предлог-закон, специјалниот јавен обвинтел чекаше да биде дел од Републичкото јавно обивнителство. Тоа значи да му биде заменик на јавниот обинител Јовески, велат од опозицискта партија.

И во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ велат дека Законот за јавното обвинителство не е услов за добивање на датум за преговори. И при сегашната средба со двајцата лидери Заев и Мицкоски, не е исклучено еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ да им пренел дека Европскта комисија останува на ставот и со законот и без него дека Македонија ги исполнила условите за отпочнување на преговори.

Еврокомесарот за проширување Вархељ при посетата на Македонија посочи дека Законот за јавното обвинителство треба да се донесе до изборите.

– Предизвиците за Северна Македонија ќе бидат уште поголеми. Потребно е Владата и другите инситуции да ги имплементираат реформите и да продолжат со досегашната работа. Приоритет треба да се даде на новиот Закон за јавното обвинителство. Се надевам дека тоа ќе го направи овој паралмент до изборите – рече Вархељ.

Во владејачкото мнозинство пак велат дека „стрaнците“ инсистираат Законот за јавното обвинителство да биде донесен заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Не се убедени дека Законот ќе биде изгласан во Собранието до неговото распуштање. Велат дека до двотретинско мнзоинство, тешко може да се стигне без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев вчера рече дека е оптимист, дека до 12 април и пред распуштање на парламентот, ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да изнајдат заедничко решение.

Донесувањето на законот, рече Заев, е обврска на сите, пред се кон граѓаните. Најмногу надеж тој има, како што рече, во пратеничката група на осумте независни пратеници кои би можеле да бидат клучен фактор во озбедувањето двотретинско мнозинство како и во случајот со уставните промени соглaсно Договорот од Преспа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот