По Велигден, во Бугарија може да има уште еден бран на пандемијата

epa08371310 Bulgarian believers pray with candles during the Orthodox Easter service in front of Sveti Sedmochislenici Church in Sofia, Bulgaria, 18 April 2020. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Експертите Лачезар Томов и Николај Витанов сметаат дека е рано да се зборува за крај на епидемијата на коронавирусот во Бугарија, напротив, доколку мерките останат какви што се сега, по Велигден ќе биде регистрирано значително зголемување на бројот на заразени случаи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, веќе е забележано зголемување на заразени деца по отворањето на градинките во Бугарија, а предвидено е и отворање на ноќните клубови. Алармантна е ситуацијата што за седум дена во Бугарија починаа вкупно 793 лица од ковид-19, а денеска се потврдени 217 смртни случаи.

Оптимистичките трендови во Бугарија во моментов се должат на десет дневното затворање кон крајот на минатиот месец.

Според Томов, ќе се почувствува ефектот на последователното олабавување во земјата.

– Можеби ќе имаме уште еден бран во Бугарија и уште илјадници други луѓе кои ќе бидат сериозно заболени или ќе починат, истакна експертот.

Витанов, кој е дел од бугарскиот оперативен штаб, нагласи дека од десет лица инфицирани се осум.

Податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс” покажуваат дека Бугарија се наоѓа на шестото место во светот според смртни случаи од Ковид-19 на 100.000 луѓе.

– Ситуацијата не е под контрола, сега растот ќе биде побавен и ќе има повеќе време да се преземат мерки пред да починат неколку илјади луѓе непотребно, превентивно, од кои над една четвртина се под 65 годишна возраст, додаде Томов. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот